Охрид SOS: Бакрачески и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не одат на Водици

Граѓанската иницијатива Охрид SOS денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:

„Како екологисти, како љубители на природата и бесценетото Охридско Езеро, неможеме, а да останеме неми сведоци на лудилото кое во Охрид се случува на пристаништето секоја година на 18 јануари.

На овој датум илјадници луѓе со ниска еколошка свест се фрлаат во водите на Охридско Езеро во стампеди и нанесуваат несогледлива штета на флората и фауната во тој дел од езерото.

Општо е познато дека во самото пристаниште во Охрид егзистира ендемска форма на подводни растенија, во народот попознати како реси, а тука се и рибите кои тука зимуваат во зимскиот период.

Стампедото од еколошки неосвестени лица кое се фрла во водаите на Охридско Езеро нанесува несогледливи штети на оваа ендемска флора и фауна.

Ние како еколошки активисти инсистираме дека мора да се прекине со ова лудило на 18-ти Јануари, а несватливо е како може Локалната самоуправа да финансира и да е спонзор и покровител на ова безумно дивеење во животната средина на подводните животинки и растенија.

Го повикуваме Градоначалникот Никола Бакрачески, како и пратениците од ВМРО ДПМНЕ да се оградат од ова лудило со фрлањето на крстот, да не присуствуваат на овој настан и да ги скратат финансиите за оваа манифестација, а парите предвидени за тоа да ги наменат за еко проекти на Охрид ЅОЅ и за едукација на населението во Охрид кое незнае, не е свесно што има и е неедуцирано за вредноста на Охридското Езеро.“стои во соопштението на Охрид ЅОЅ.