Италијанскиот член на Европската народна партија и заменик-претседател на Европскиот парламент, Антонио Тајани, е избран за нов претседател на европскиот законодавен дом.
Со 351 глас во четвртиот и последен круг од гласањето, во споредба со 282-та за неговиот сонародник, социјалдемократот Џани Питела, г. Тајани го доби својот мандат, кој ќе трае до следните избори во 2019 година.
63-годишниот Тајани го посвети својот избор на жртвите од минатогодишниот земјотрес во Италија и се заблагодари на неговиот претходник, Мартин Шулц.
Новиот прв човек на Европарламентот, истакна дека ќе биде „претседател за сите“.