Експертски тим во рамките на ИПА проектот „Зајакнување на доживотното учење преку модернизација на системите за стручното образование и обука и образование на возрасните“, во соработка со Центарот за образование на возрасните и во консултација со социјалните партнери, невладините организации и релевантни чинители во областа на образованието на возрасните, изготви нацрт-верзија на Стратегијата за образование на возрасните.
Со цел заокружување на процесот на јавна расправа, пред да биде финализирана нацрт-верзијата на Стратегијата, истата ја презентираме на пошироката јавност.
Ве молиме Вашите мислења и коментари најдоцна до 27.1.2017 година да ги доставите до Маријана Матаке, клучен експерт за доживотно учење и образование на возрасните, на следната адреса
mariana.matache@britishcouncil.org.mk