Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во чест на Богојавление – Водици упати честитка до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г Стефан и до претставниците на МПЦ.
„Овој голем ден на духовното раѓање е нова шанса за спокоен и благословен живот. Определбата кон доброто, кон вистината и правдата, кон солидарноста, кон слогата и заедништвото, го отвори нашиот пат. Потребна е повторно цврстата волја на духот, преку мудрост и искрена верба во избраните животни вредности, за да го создадеме животот што го избравме. Денешниот ден на духовното раѓање носи нова животна сила на секој од нас, за потребната обнова и на нашето општетсво во кое среќно ќе живееме сите.
Пожелувам празникот да го поминете меѓу саканите, во семејството, во добро здравје, исполнети со љубов и меѓусебно разбирање.
Среќен празник Богојавление – Водици“.