ПС Струга поднесе кривична пријава против К.Н. (50) од с.Велешта поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот како инвеститор започнал градба на станбено-деловен објект на ул.„Туристичка“ во катастарска општина Струга. Од страна на градежен инспектор од Општина Струга на ден 28.12.2016 година извршен е инспекциски надзор, при што е утврдено дека објектот е во фаза на изградена градежна конструкција на подрум со бетонирана темелна плоча, ѕидови и плоча на приземјето, спротивно на основниот проект за градење на објект. Од страна на градежниот инспектор изготвен е записник и донесено е решение за прекинување на градбата.