Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, во својство на претседател на Националниот центар за контрола на болести, во средата, на 18.01.2017 година одржа координативен состанок со претставници од 15 – те релевантни институции членки на ова тело. Целта на состанокот беше координирање на активностите и обврските на секоја од институциите, за преземање на соодветни мерки за брзо и ефикасно справување со евентуална појава на болеста Птичји грип во Република Македонија.
Се дискутираше за состојбата со болеста во Европската унија и во регионот, особено во соседните земји Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија, а презентирани беа и сите досегашни активности и преземени превентивни мерки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. На состанокот, разгледани беа сите можни сценарија при евентуална појава на болеста и начинот на делување во справување со истата.
Како координатор на активностите на Националниот центар за контрола на болести, Агенцијата за храна и ветеринарство будно ја следи состојбата со оваа болест во регионот и Европа и е во континуирана и координирана комуникација со ветеринарните служби од соседните држави.
Моментално, болеста Птичји грип не е присутна во Република Македонија.