Европската унија и рефундира на АХВ околу 430 илјади евра за вакцини за јазлеста кожа

Агенцијата за храна и ветеринарство доби рефундација од Европската унија на во висина од околу 430 илјади евра, пари кои минатата година беа потрошени за набавка на вакцини за говедата во справувањето со болеста Јазлеста кожа. Рефундацијата на средствата е резултат на потврдата на ЕУ кон Македонија за ефикасните и ефективните мерки кои Агенцијата за храна и ветеринарство ги презема за справување со болеста Јазлеста кожа.

Преземените мерки и позитивните искуства на македонските ветеринарни власти во справувањето со болеста Јазлеста кожа, Европската унија ги зема како основа и ги преточи во нова европска регулатива за справување со оваа нова, за Европа до скоро непозната егзотична болест.