Унгарски автобус со ученици се судри и изгоре во Италија, 16 мртви

Автобус со ученици удри во столб и се запали при што загинаа 16 лица, главно унгарски тинејџери.

Учениците се враќале од планински одмор во Франција, кога автобусот удрил странично на автопатот во близина на Верона, Италија. Автобусот се враќал во Будимпешта, во кој се превезувале главно момчиња, ученици на возраст од 15 до 17 години.

Триесет и девет лица преживеаа, а 10 од нив се префрлени во болница со изгореници.

Според полицијата, автобусот се судрил и запалил непосредно пред полноќ, а сеуште не е јасно како дошло до судирот, при што немало други возила. 

Во Будимпешта, официјален претставник на Министерството за надворешни работи информираше дека во автобусот имало 54 патници, ученици, возрасни и двајца возачи во него, но не ја исклучуваат можноста дека вистинската бројка може да е поголема, што дополнително ќе се утврди.