Утре во Охрид ќе биде отворен почесен конзулат на Унгарија

Со свечена церемонија, утре, ќе биде отворен конзулат на Унгарија, при што ќе се изврши и инаугурација на почесниот конзул на Република Унгарија во Охрид. Инаугуруцијата на почесниот конзул на Република Унгарија во Охрид ќе ја изврши државниот министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи на Република Унгарија, Иштван Иѓарто.

Официјална церемонија ќе започне во 12.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Пред присутните ќе се обратат заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Иштван Дукс.

По официјалните обраќања, ќе следува музичка изведба на учениците од музичкото училиште „Методи Патче“ и отворање на изложбата: „За слободата и независноста“.