Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 101.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Уметност, забава и рекреација (8.0%) и Градежништво (7.3%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.1%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.8%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.2%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016, изнесува 22 380 денари.
Во ноември 2016 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.