Напад на хотел во Могадишу

Вооружени лица утринава упаднале во хотел во сомалискиот главен град Могадишу, по експлозија на автомобил бомба на влезот од зградата, соопшти сомалиски полициски претставник.

Капетанот Мохамед Хусеин соопшти дека според досегашните податоци, во моментот на нападот, во хотелот Даја во Могадишу имало десетици лица, меѓу кои и дел од вработените.

Тој додаде дека од хотелот и понатаму се слушаат истрели од огнено оружје и оти сè уште немаат информации за можни жртви.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Екстремистичката исламистичка група Ал шабаб често спроведува вакви напади во одредени делови од земјата и иако е протерана од повеќето клучни упоришта, групата и понатаму изведува напади во јужниот и во централниот дел на Сомалија.

Извор: meta.mk