Денес се одржа 66 Седница на Советот на Општина Охрид, во која доминираа точки од урбаната сфера, односно одлуки за легализација на бесправно изградени објекти. Покрај точките за легализација, беа усвоени и нацрт детални урбанистички планови за шесттата и петнаесеттта урбана заедница. Со мала советничка дебата поминаа и точките за давање на согласност на годишниот план за вработување во јавните претпријатија “Охридски Комуналец“ и “Градски пазар“.
Од денес на местото на советничката Жаклина Лазареска, која во наредниот период ќе ја извршува пратеничката функција, беше верификуван мандатот на Јасмина Маркоска од СДСМ.