Јавен увид и јавна расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД ГП1 на КП бр.2440/3 КО Коњско

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10, 51/11, 123/12 , 93/13,42/14,44/15,129/15 и39/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид

О Р Г А Н И З И Р А

1. Јавен увид и јавна расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД ГП 1 на КП бр. 2440/3 ,КО Коњско (изградба на објекти со намена А4 –времено сместување ) Општина Охрид.

Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за ЛУПД ГП 1 на КП бр. 2440/3 ,КО Коњско (изградба на објекти со намена А4 –времено сместување ) Општина Охрид.

2. Нацрт извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од 27.01.2017 год. до 27.02.2017 год.

3. Јавната расправа ќе се одржи на ден 17.02.2017год. во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 12 часот.

4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил : urbanizam@Ohrid gov.mk , или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.