Фондот за иновации и технолошки развој им додели признанија на компаниите Дарис инженеринг ДООЕЛ, ДПТУ Хас инженеринг ДОО, ДТК Смарт-Тек ДОО, Кликион технологии ДОО, Ебизнис ДООЕЛ, Прајм Аппс ДОО, Вејпр апликации ДООЕЛ, Марси електросистеми ДООЕЛ и Есенсо ДОО. Ова се првите девет старт ап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој, кој четврта година спроведува активности за поголема конкурентност на македонските претпријатија преку воведување иновации. Досега има поддржано 37 претпријатија со вкупен износ од 1.5 милиони евра. Годинава е предвидено да се доделат повеќе средства во однос на минатата година, односно 3.7 милиони евра ќе се распределат на компаниите кои ќе аплицираат за грантовите на Фондот за иновации и технолошки развој.
Првиот повик за аплицирање оваа година ќе биде објавен до 5 февруари и преку него Фондот планира да поддржи 15 старт ап претпријатија и 10 микро, мали и средни претпријатија кои ќе достават проект за комерцијализација на иновации. Вкупниот буџет за овој повик ќе изнесува 1.450.000 евра. Преку ова финансирање иновативните претпријатијата имаат можност за пократко време да ги развијат и тестираат нивните решенија и побрзо да ги донесат на пазар.
Од Фондот за иновации и технолошки развој нагласуваат дека е предвидено е да се формира и Фонд за еквити инвестиции, преку кој до крајот на 2019 година треба да се да распределат околу 30 милиони евра. Исто така, во наредниот период е предвидено да се посвети поголемо внимание овие моментални инструменти да станат достапни и за претпријатијата кои сега не можат да аплицираат поради тоа што не ги исполнуваат условите. Со новините е предвидено и научно-истражувачките институции кои работат со микро и малите претпријатија кои моментално се опфатени со дел од инструментите, да имаат можност директно да аплицираат до Фондот за иновации и технолошки развој.