Тешка кражба во куќа во Велешта

На 04.09.2014 година во с.Велешта, струшко, во куќата на Х.Л.(51), непознат сторител со употреба на погоден алат извршил „тешка кражба“, одземајќи златен накит, рачни часовници, техничка опрема и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 350.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.