Ќе се решава проблемот со недостигот на гробни места во Велгошти

Жителите од Велгошти веќе подолго веме се соочуваат со проблем, недостиг на гробни места. Со цел да се реши тој проблем, Месната Заедница од Велгошти и Црковниот одбор од Велгошти организираат состанок со жителите.

На состанокот кој ќе се одржи во недела во 18:00 часот, во просториите на играорната група КУД „Илинден“, организаторите ќе расправаат по само една единствена точка на дневен ред – Решавање на проблемот со гробни места.

„Се повикуваат сите жители од Велгошти масовно да присуствуваат на состанокот, со цел конечно да се изнајде решение“ – велат од МЗ и Црковниот одбор од Велгошти.

WebOhrid