Кривична пријава за лице од Скопје поради фалсификување исправа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 26.11.2016 година во 20.10 часот на ГП „Деве Баир“, при пасошка контрола, било констатирано дека во патната исправа на пријавената по механички пат биле отстранети две страни, а додека други две страни биле видно одвоени од конецот со кој е споена патната исправа.