НК КР Струга поднесе кривична пријава против Н.К. (24) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 20.01.2017 година во ПС Струга од страна на Н.С. пријавено е затајување на парични срества подигнати од брза пошта во фирма за брза пошта од Струга, од страна на пријавениот кој бил вработен како возач, со што причинил материјална штета на фирмата од 56.000 денари. Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот при што истиот го признал делото и посочил дека го извршил затоа што бил револтиран од сопственикот, заради неисплатени две месечени плати. На тој начин сакал да ги принуди да му го исплатат заостанатиот долг кон него.