Денес е празник посветен на Светиот цар Теодосиј Велики.
Овој славен и во верата ревносен цар владееше од 379 до 395 година. Константин Велики го забрани гонењето на христијаните, а Теодосиј отиде уште еден чекор понатаму: го забрани идолското жртвопринесување во својата држава. Многу помагаше на утврдувањето и распространувањето на христијанската вера низ светот.