Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, периодов работеа на проект насловен „My Home“, преку STEM програмата.
„Станува збор за двомесечен труд реализиран со учениците, кој е воедно нивно прво искуство со STEM програма. Во европското финале на проектот во Лондон учествуваат млади од основните, средните училишта и факултетите од повеќе земји од Европа.“- информираат од училиштето.
Соработници во рамки на проектот се професорите по англиски јазик Марија Симиџиоска Стојаноска и Валентин Ристески. Ментор на учениците од IV2 одделение е наставничката Виолета Петковска.