Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска присуствуваше на свечената промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност. Во своето обраќање министерот Нухиу рече дека МВР како институција е отворено за целосна и континуирана соработка со Факултетот за безбедност во име на заедничките цели што ги споделуваат двете институции – високи образовни и едукативни стандарди следствено на современите трендови во областа на безбедноста.
„Ниту едно општество не може да се надева на успех без следење и практично имплементирање на нови научно-истражувачки сознанија, без континуирана образовна наградба на луѓето кои ја сочинуваат институцијата и без реална кооперативност меѓу теоријата и практиката, што впрочем се потврдува низ практиките на современите и развиени општества. Особено што безбедноста претставува не само обемна, туку и прилично динамична сфера на работа. Почитувани, се надевам дека многумина од Вас ќе го најдат своето место во општеството, притоа давајќи го својот максимум како во име на сопствените амбиции и надежи, така и во име на потребата за брз и динамичен развој на нашата држава. Дозволете ми да ви честитам на дипломирањето, посакувајќи ви успех на личен и професионален план“, рече министерот Нухиу.