Акцијата за расчистување на локални патишта по налог на Комуналната инспекција продолжува.
Во текот на вчерашниот ден екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани за расчистување на неколку улици во с. Коњско.
„Беше отстранета вегетацијата од гранки од дрвја, трње и диви жбунови со цел да се овозможи подобра прегледност на возилата кои циркулираат на тој дел. Денес акцијата продолжи и во нас. Рача, на патот кој води спрема плажите (наспроти вилата „Александар”).“ – велат од претпријатието.