Започна пријавувањето за OHRID SUPERSTAR

Сите кои сакаат да бидат дел од OHRID SUPERSTAR можат да се пријават во текот на овој месец и да бидат дел од новото Талент шоу.

„Од ноќеска на полноќ започна пријавувањето и она што можеме да го кажеме уште пред самиот почеток е дека интересот е огромен. Пријавувањето ќе трае во текот на целиот месец февруари, по што ќе започнат и претставувањата и селекцијата на кандидатите. Ние ги охрабруваме сите кои сакаат да бидат дел од ова шоу да се пријават. Возраста не е важна, може да се пријават сите заинтересирани од 7 до 77 години, треба само желба и талентот кој сакате да го покажете пред јавноста,“ порачуваат организаторите.

На OHRID SUPERSTAR можат да се пријават сите музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, и оние кои имаат желба да бидат водители за Тв и Радио проекти, односно сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат.

Најдобрите ќе добијат вредни награди и тоа:

– парична награда од 2.000 евра,
– снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и
– старт на Тв и Радио проект

Сите заинтересирани ќе можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страна на Facebook, а својот талент ќе го пријавуваат на маил адресата: ohridsuperstar@gmail.com на која треба да достават основни информации (CV) и секако информација за својот талент со кој се пријавуваат.

Организаторите деновиве на посебна прес конференција ќе соопштат повеќе детали за настанот.

Носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети. Главен медиумски партнер е регионалната О2 телевизија.