Општина: На секое отстапување од надлежностите и законските регулативи во делот на заштитата на езерските води, жестоко ќе реагираме

Во врска со денешната изјава на пратеникот во Собранието на Р. Македонија и претседател на ОО СДСМ Охрид, д-р Томислав Тунтев , реакција испрати Општина Охрид, во која се вели:

„Очигледно покрај ОО на СДСМ Охрид и пратениците на СДСМ Охрид добиле специјална задача во пресрет на престојните локални избори да се фокусираат на градоначалникот Никола Бакрачески, а претпоставуваме и зошто.

Го повикуваме пратеникот Томислав Тунтев да ја прочита нашата реакција дадена на ден 31.01.2017 година, по повод претходно даденото соопштение на ОО СДСМ Охрид на истата тема, а воедно да се запознае со содржината на извештаите на надлежните и релевантните институции на Република Македонија како што е УХМР на Р.М.

Уште еднаш напомнуваме дека на секое отстапување од надлежностите и законските регулативи во делот на заштитата на езерските води, жестоко ќе реагираме. Лицемерно и навредливо за граѓаните на Охрид е пратеникот Томислав Тунтев да изразува загриженост за езерото, кога како заменик Градоначалник и координатор на советничкото мнозинство во градскиот совет имаше клучна улога во креирањето и реализацијата на штетните планови за изградба на масивни и робусни станбени комплекси на самиот брег на езерото почнувајќи од хотел Парк преку населбата Лагадин па се до Пештани. “– стои во соопштението.