Институтот за јавно здравје на Република Македонија на официјалната интернет страница (http://iph.mk/anketa), постави анкета за влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето, по повод Светскиот ден на водата 22 март.
Анкетата е по повод Светскиот ден на водата 22 март, со што Институтот за јавно здравје ја почнува годинешната кампања, како една од многуте превентивни дејности.
Институтот за јавно здравје на Република Македонија повеќе од десет години го одбележува Светскиот ден на водата во Македонија, со цел да ја подигне свеста кај општата популација за значењето на безбедната вода за пиење за здравјето, како еден од највлијателните фактори за превенирање од болести поврзани со водата.
Прашалникот е наменет за општата популација, а одговорите на прашалникот би биле од голема корист за да се добијат податоци кои ќе користат во превентивни цели.