Бројни свечености во чест на Григор Прличев

Делегација на општина Охрид, предводна од градоначалникот Никола Бакрачески денес положи свежо цвеќе пред бистата на на поетот „Григор Причев“.

Цвеќе положија и делегации од НУ Центар за култура „Григор Приличев“ и Охридската библиотека, како и претставници на политичките партии. Во рамки на чествувањето во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа и традиционалната визита на која присуствуваше и градоначалникот Бакрачески. Во име на Друштвото на писатели на Македонија, беседа за поетот одржа овогодинешниот лауреат на наградата за најдобра поема, писателот Зоран Пејкоски.

Претходно делегации на општина Охрид, институциите кои го носат името на „Григор Прличев“, граѓани и политички партии свеж цвет положија на неговиот гроб.