Македонскиот туризам интензивно се промовира и во Белгија

Пред повеќе од 600 излагачи, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) го промовира туристичкиот потенцијал на Македонија на саем за туризам во Брисел, Белгија.

Белгија е една од земјите каде живее население кое троши 16.1 милијарди евра на одмори. Околу 78% од белгијците патуваат во Европа, а 54% преферираат долги одмори.

Фактот дека Скопје има директна линија со Брисел, два пати во неделата, отвора врати за соработка со бројни тур оператори, а делегација на АППТ оствари состаноци со дел од нив: BT Tours, Antipodes, Vos Travel.

Мнозинството на тур-оператори кои нудат активен туризам беа изненадени од староста на Охридското езеро и авантурата која може да се доживее во земјава. Статистиката вели дека 30% од овој народ преферира авантуристички туризам, додека 60% посета на градови.