Јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2017

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2017 година, Општина Охрид на ден 01.02.2017 објави

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2017

Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и субјекти кои се заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти за сместување кој го води Градоначалникот на општина Охрид и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во општина Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности.

Во врска со објавениот повик Секторот за туризам и локален економски развој на ден 08.02.2017 год. во мала сала на Општина Охрид со почеток во 12 часот, организира информативна средба со претставниците на месните и урбаните заедници и здруженијата на граѓани.