Основното училиште „Григор Прличев“, синоќа, со свечена приредба подготвена од учениците, го одбележа својот патрон.
Во рамки на чествувањето помеѓу ОУ „Григор Приличев“ и „ГЕТЕ“ институтот беше потпишан меморандум за соработка.
Градоначалникот Никола Бакрачески, во обраќањето ја поздрави оваа соработка, која како што рече е уште една во низата на соработки кои општина Охрид ги остварува со Сојузна Република Германија.
На ликовна изложба беа претставени најдобрите ликовни творби на училишниот конкурс по повод патрониот празник и беа врачени наградите за најдобрите.