Гранични премини определени за внесување, изнесување и транзит на акцизна стока

Внесувањето, изнесувањето и транзитот преку царинското подрачје на Република Македонија на акцизна стока (етил алкохол и други денатурирани алкохоли, алкохол и алкохолни пијалаци освен вино, цигари од тутун и нафтени деривати), е регулирано со Одлуката за определување на видови на стока кои се предмет на постапување на царинските органи на определени гранични премини („Сл. весник на РМ“ бр.111/2005 година, 11/2013 година и 14/2017 година).

Согласно Одлуката, во зависност од превозните средства, внесувањето, изнесувањето и транзитот на акцизната стока се врши на следните гранични премини:

1. Со патни превозни средства се врши на следните гранични премини:
– ГП Богородица,
– ГП Ќафасан,
– ГП Табановце автопат,
– ГП Блаце и
– ГП Деве Баир.

На граничните премини Стење и Блато се врши внесување и изнесување само на пратки со етил алкохол и други денатурирани алкохоли; алкохол и алкохолни пијалаци (освен вино), а на граничните премини Делчево и Ново Село само пратки со нафтени деривати. Поради вонредни околности, Владата на РМ донесе вонредна мерка внесување, изнесување и транзит на нафтени деривати да се врши и на граничните премини Стар Дојран и Меџитлија (до 5 март 2017 година).

2. Со железнички превозни средства се врши на следните гранични премини:
– Железничка станица Гевгелија;
– Железничка станица Табановце.
На железничката станица Волково се врши внесување, изнесување и транзит преку царинско подрачје на Република Македонија, само со пратки со етил алкохол и други денатурирани алкохоли; алкохол и алкохолни пијалаци (освен вино) и нафтени деривати.

3. Со воздушни превозни средства се врши преку Аеродромот Александар Велики во Скопје како граничен премин.

Одлука за определување на видовите на стока кои се предмет на постапување на царинските органи на определени гранични премини

Одлука за дополнување на Одлуката за определување на видови на стока кои се предмет на постапување на царинските органи на определени гранични премини

Oдлука за дополнување на Oдлуката за определување на видови на стока кои се предмет на постапување на царинските органи на определени гранични премини