Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација во присуство на медиумите и претставниците на клубовите беше одржана ждрепка за извлекување на четвртфиналните двојки во Лимак КУП на Македонија 2017.
На 17 февруари (петок) Карпош Соколи и Вардар ќе го отворат Купот со меѓусебен дуел закажан за во 13:00 часот. Во вториот термин, (15:30) ќе се пресметаат Фени Индустри и АВ Охрид. Трет натпревар на распоред (18:00) е дуелот помеѓу Работнички и Куманово додека во вечерниот термин (20:30) МЗТ Скопје, бранителот на КУП – титулата ќе се пресмета со Кожув.
В сабота (18 февруари) во првиот полуфинален дуел ќе се пресметаат победниците од натпреварите помеѓу Работнички и Куманово односно Карпош соколи и Вардар. Првиот полуфинален дуел ќе се одигра во 18:00 часот, два ипол часа подоцна во вториот полуфинален дуел победниците од натпреварите помеѓу МЗТ Скопје и Кожув односно Фени Индустри и Охрид ќе ќе го одиграат вториот полуфинален дуел.
Финалето ќе се игра во недела на 19 февруари со почеток во 19:00 часот.
Извлекувањето на натпреварувачките броеви и имињата на екипите го извршија генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска и комесарот за натпреварување при МКФ Владо Цветковски.