РК Охрид и РК Лихнид ќе одиграат хуманитарен натпревар за Трајан Тачо Целески

Младинската екипа РК Охрид 2013 и РК Лихнид ќе играат хуманитарен натпревар со екипата на РК Филип Вардар во машка и женска конкуренција. Средствата собрани ќе бидат донирани на сметка на младиот спортист Трајан Тачо Целески.

Трајан Целески Тачо боледува од тумор (Астроцитома).

Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka

Телефонски број за донации на Оне.ВИП 143-486

Телефонски број за донации на Телеком 070 143-155

Натпреварот кој е во организација на Младинската екипа на РК Охрид 2013 ќе се одигра во недела во СРЦ Билјанини извори, со почеток во 16:00 часот.

WebOhrid