Поради актуелната состојба со штрајкот на грчките земјоделци, од Царинската управа на Македоднија информираат дека по остварен контакт со грчка царина во врска со одлуката на Владата на РМ за влез, излез и транзит на пратки со нафта и нафтени деривати и на ГП Стар Дојран и Меџитлија, добиена е информација дека од грчка страна влез и излез на нафта и нафтени деривати може да остваруваат превозниците од понеделник (13.02.2017 година) само на граничниот премин Ники со Меџитлија.
Исто така од нивна страна забрането е остварување на влез и излез на празни цистерни за нафта и нафтени деривати на граничниот премин Дојрани.