УМС на ВМРО-ДПМНЕ за време на викендот организираше семинар на тема „Јакнење на капацитетите-Улогата на младите во креирањето на локалната политика“, кој се одржа на Попова Шапка.
На семинарот учествуваа на 50-тина членови и симпатизери од подмладокот на партијата.
Предавачи на семинарот беа Стефан Андоновски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Карапетрова, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски, заменик министер во министерството за информатичка технологија и администрација.
Ова не е прв ваков семинар кој го организира УМС, изминатиов период вакви семинари се организираа и во Битола, Струга и Кавадарци.
Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека и понатаму ќе продолжат со слични обуки и семинари во различни општини низ Македонија.