Во автомобил пронајдена дрога кај две лица од Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М. (24) и Д.А. (26), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”.

На 01.08.2016 година околу 22.50 часот од страна на полициски службеници било затекнато ПМВ „Форд Фокус“ со струшки регистарски ознаки во кое биле пријавените заедно со уште едно лице од Струга. Полициските службеници извршиле преглед врз лицата и во возилото и притоа кај првопријавениот пронајдена е кесичка со нето маса од 1,26 грама марихуана и на парче хартија мешавина од марихуана и тутун со нето маса од 0,85 грама, додека кај второпријавениот пронајдена е една кутија од цигари во која имало една рачно изработена цигара со нето маса од 0,47 грама која што претставува мешавина од тутун и марихуана.