Приведен албански државјанин кај кого била пронајдена дрога

Вчера околу 20.00 часот во нас. Рача-Охрид, при преглед на ПМВ „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Д.Ч. (44) од Поградец, Р.Албанија, пронајдени се околу 10 килограми најверојатно опојна дрога марихуана.

Д.Ч. е приведен во СВР Охрид за понатамошна постапка.