До 15ти март се очекува над 400 илјади граѓани да поднесат годишна даночна пријава во УЈП

Од УЈП со апел до граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15-ти Март 2017) за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), а со цел избегнување на метежи на даночните шалтери.

Имено, заклучно со 13.02.2017 година, 51.616 граѓани ја исполнија својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350 илјади даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/587).

Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира…, односно е со привремен престој во Скопје, даночната пријава може да ја поднесе во Контакт центарот на УЈП, на новата локација во зградата на Регионална дирекција Скопје (ул. „11 Октомври” бр. 27, 1000 Скопје).

Годишната даночна пријава можете да ја поднесете и по пошта (во 1 примерок) на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt).

Доколку сте регистриран корисник на е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk, поднесете ја пријавата електронски.

За подетални информации и одговори на најчесто поставуваните прашања, преземете ја Брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2).

Корисни информации

Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 13.02.2017 година

Регионална дирекција на УЈП Поднесени

ПДД-ГДП Електронски

ПДД-ГДП ВКУПНО

Скопје 12670 124 12794

Битола 8302 13 8315

Прилеп 8042 33 8075

Струмица 5881 27 5908

Тетово 3182 21 3203

Штип 13288 33 13321

ВКУПНО 51365 251 51616