НК КР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (57) од с.Биџево, струшко, и против правниот субјект ГТД-ДОО „ТРИМ“ увоз извоз Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот М.Ќ. во својство на управител на правниот субјект „Трим“, како изведувачи на колективна стамбена зграда лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга, постапиле спротивно на основниот проект за кое општината имала издадено одобрение за градба. Истите противправно изградиле дел од градбата над петтиот кат, односно над ламела 1 со димензии 13 x31 метри и над ламела 2 со димензии 13×11 метри кои се состојат од столбови, греди, прегради и надворешни ѕидови и дрвена кровна конструкција покриена со поцинкуван лим, како и скали што водат до него.
Од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение за отстранување на градбата.