СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ц. (44) од Поградец, Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”.
На 13.02.2017 година, по претходен договор со лице од Р.Албанија, извршиле транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана по воден пат преку водите на Охридско Езеро. Пријавениот од месноста Градиште презел една патна торба со шест поединечни пакувања на опојна дрога марихуана и ја ставил во своето ПМВ Мерцедес со албански регистарски ознаки и се упатил во правец на Охрид со намера марихуаната да ја пренесе и продаде на засега неутврдено лице. Истиот во 19.45 часот е сопрен од страна на полициски службеници по што се дал во бегство, но набргу бил пронајден на паркинг. По извршен преглед, на оддалеченост од околу 15 метри од возилото е пронајдена патната торба со наркотична дрога марихуана со тежина од околу 8 до 10 кг., која претходно ја фрлил од возилото.