МКФ организира турнир за девојчиња до 14 години

Во тековната натпреварувачка сезона, Македонската кошаркарска федерација планира да организира турнир за девојчиња генерација родени 2003 година (М14) и помлади. Турнирот би се одржал викендот 11 – 12 март во Скопје.

Како би можела МКФ да го направи системот на натпреварување во зависност од заинтересираноста на клубовите, се молат клубовите да достават писмена потврда доколку клубот сака да учествува.

Одговорите, односно учеството треба да се потврди најдоцна до 1 март (среда) во канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација.

По добивање на точниот број на екипи ќе биде доставена и комплетна информација за турнирот, како и за начинот на регистрација на играчите.