Новинарската секција од ОУ „Св. Климент Охридски“ во посета на „Плеј“ радио Струга

Љубовта кон новинарството и желба за предизвик, акција, членовите на Новинарската секција од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид ги однесе во Струга. Наставникот Мери Крстеска ги запозна со новинарот Ирена Мрческа со која поминаа едно прекрасно претпладне. Топол пречек и насмевки беа првите впечатоци. Имаа можност да направат интервју со новинарот и да ги откријат деталите од новинарството како професија на начин кога би работеле во радио. Детално ги разгледаа сите помошни средства и техника во радио и нивната примена кога се емитува емисија во живо.

Беа и учесници во емисијата „Плеј кафе“ во која разговараа за почетоците на новинарството, за секциите, за идните добри и лоши страни кои ги носи новинарството како професија. Посетата разбуди емоции и желби да ги следат стапките на новинарот Ирена Мрческа која се потруди да одговори на сите нивни прашања и да ги доближи до остварување на нивните соништа.