Египќаните од Охрид, како втора по бројност етничка заедница, основано положуваат големи надежи дека Египќанец или Египќанка ќе се најде на добитно место на листата за советници на ВМРО ДПМНЕ-Охрид.Како, НВО КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ, која потпиша Меморандум за Соработка со политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ, која од друга страна е победник на одржаните предвремени парламентарни избори и која освои 51 мандат, огромно мнозинство на Египкани, ги подржаа листите на ВМРО ДПМНЕ, иако немаше на тие листи Египќанец или Египќанка. Ние, цврсто стоиме на ставот, дека пред се и над се државните интереси, нејзиниот унитарен карактер, и негување на мултиетничкиот и мултиконфесионалниот елемент на државата, како основ за нејината безбедност и стабилност. Ние, како Египќани, како посебен и автентичен етникум сме стрпливи и се надеваме дека еден ден ке бидеме дел од Уставната Преамбула, знаејки дека тој процес е многу тежок но и комплициран од повеке аспекти. Конструктивно е, тоа што имаме подршка од еден силен политички субјект , како што е ВМРО ДПМНЕ, а партиципирањето на листите за советници на Египканите во горенаведената партија, ке биде еден силен показатрел дека се бори за една фунционална мултиетничка и мултиконфесионална држава. Египќаните се втори по бројност во Охрид, досегашната изборна практика говори, дека токму Египќаните го одлучувале победникот. Кога, имаме такви параметри пред нас, лично, не гледам причина зошто не би биле партиципиенти на листата за Советници на ВМРО ДПМНЕ, бидејки во тој случај , јасно е дека ке се подржи и кандидатот за Градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, како што го подржавме во 2013 година Д-р Никола Бакрачески, а и пред тоа и Кирил Трендафилов-Нанче.Дозволете ми,да истакнам дека имаме одлична би рекол пријателска соработка со раководството на ВМРО ДПМНЕ-Охрид, предводено од Претседателот Д-р Љубен Арнаудов, кој има еден модерен и транспарентен модел на политичко дејствување, приступачен и кон етничките заедници во Охрид, и човек кој сака да помогне.Таа компонента му донесе добар изборен резултат, а да не забораваме дека г дин Љубен Арнаудов, беше назначен за Претседател на ВМРО ДПМНЕ-Охрид, на само 1 месец пред избори.Во тој поглед, ние сме оптимисти, дека немаме да имаме опструкции, и ке помогнеме како грагани кој ја подржуваат ова политика на ВМРО ДПМНЕ, да издвојуваме победа на Локалните Избори 2017, за кои сметаме дека треба да одат во „пакет,, со Парламентарни Избори, како единствен излез од ова политичка криза. Ако, се оди на тоа, да се формира Влада по секоја цена, несомнено дека СДСМ ке направи Влада, но со тоа не верувам дека ке се реши политичката криза, напротив. Се плашам да не ескалира во нешто, што не ке можеме да контролираме, а до такви состојби се доага со нереални ветуувања, реваншизми, играње со човечки судбини и слично. На Р.Македонија, тоа не муи треба, му треба мир, економски напредок и повисок стандард за граганите.Треба да се фокусираме на тоа поле, а не на власт по секоја цена -истакна Дипл.правник-Демир Далип-лидер на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ,кој додаде дека Египканите имаат високообразован кадар, и дека тој лично нјема да се кандидира за Советник, туку ке се обидат да го најдат најдоброто решение, и истото да му го предложат на лидерот на ВМРО ДПНМНЕ, Г дин Никола Груевски.
Охрид.
Со почит,
Демир Далип
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.