Во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал по повод Прочка

По повод празникот Прочка – Поклади, во недела (26ти февруари), во село Велгошти, Месната заедница на селото го организира традиционалниот маскенбал.

„Како и до сега, на маскенбалот се очекува да се пријават голем број на лица со креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории обезбедени се и богати награди.“– информираат од МЗ Велгошти.

Настанот започнува во 11:00 часот од игралиштето пред спортската сала „Тодор Александров.

WebOhrid