Економско-социјалниот совет ја одржа 32-та седница

Економско-социјалниот совет ја одржа 32-та седница со која што заседаваше претстедателот на ЕСС и министер за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

На седницата учествуваа претставници на Владата на Република Македонија и претставници на социјалните партнери членови на ЕСС коишто дадоа свој придонес во дискусијата за точките од дневниот ред.

Како точки кои се најдоа на дневниот ред и се дискутираа на седницата беа усвојување на Годишната програма за работа на Економско-социјалниот совет за 2017 година, утврдување на висината на минималната плата во бруто износ за 2017 година, разгледување и усвојување на предлог за формирање на четири постојани комисии во рамки на ЕСС и тековни прашања од интерес на социјалните партнери и Владата на РМ.

Членовите на ЕСС едногласно ја усвоија Годишната програма и по однос на точките од истата заеднички заклучија дека програмата треба да содржи активности околку заеднички настап на Владата и социјалните партнери во подготовката и предлагањето на проекти подржани од Европската унија за понатамошно унапредување на социјалниот дијалог. Понатаму, Економско-социјалниот совет едногласно ги утврди и усвои висината на минималната плата во бруто износ за 2017 година и предлозите за формирање на постојаните комисии во рамки на Советот, а кои покриваат области од интерес на ова трипартитно тело.