Утре „Виз ер“ и „Тав“ ќе промовираат три нови линии

ТАВ Македонија и „Виз ер“ утре ќе промовираат три нови линии од Скопскиот аеродром и достигнувањето три милиони патници во Македонија од страна на унгарската авиокомпанија.

Настанот ќе се одржи утре, вторник (28 февруари 2017) во 11.30 часот, на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

На настанот ќе зборуваат Министерот за транспорт и врски, г-дин Владо Мисајловски, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Овен Џонс, главен директор за корпоративни прашања на „Виз ер“.