Заев: Ова е историски ден за Македонија, следува мирен и брз трансфер на власта

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна:

„Ова е голем, историски ден за Република Македонија.

Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание коишто гарантираат можност за нова Влада за граѓаните на Македонија.

Истовремено, овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред, во функција на враќање на животот во Македонија.

Денеска, очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да отпочнеме преговори за создавање и формирање нова влада за граѓаните на Република Македонија.

Истовремено, ја користам можноста да испратам порака до сите граѓани, но и до институциите на државата, дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија.“- рече Заев.