СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид”.
На 14.02.2017 година пријавениот околу 11:35 часот влегол во маркет на ул. „Галичица“ и со закана со нож од вработената го побарал дневниот промет. Во тој момент вработената почнала да ја довикува нејзината колешка која била во магацинот, по што пријавениот го напуштил маркетот и побегнал.