Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 54 гласoви „за“ и 8 „против“, ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2016 година.
На тој начин, европскиот законодавен дом ја потврди осмата препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на нашата земја во Европската унија, со услов исполнување на Пржинскиот договор и итните реформски приоритети.
Европратениците усвоија 28 компромисни амандмани од вкупно поднесените 318.