После одличните концерти во Загреб и Белград, третиот град во кој „Елементал“ ќе настапат со нивното шоу „Денот Е“ е Скопје. Поводот е исклучително значаен, а тоа е десет годишен јубилеј од нивниот прв настап во Скопје. После сите успешни клупски концерти изминативе 10 години, за првпат пред своите фанови ќе настапат на голем концерт во „Вип Арена Борис Трајковски“.
19 години од нивното постоење, 10 години во Скопје- рима, ритам и музика со Елементал.
Сабота 18 март
ВИП Арена (мала сала) С.Ц. Борис Трајковски
Старт: 20:30
(вратите се отвораат во 20:00 часот, музичката програма започнува од 20:30)
Влезниците во претпродажба се во строго ограничен број и по супер промотивна почетна цена за првите 500 билети од 300 денари, а потоа 400 денари преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.