Свети литургии за Тодорова сабота и Недела на православието

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 04.март 2017 година (сабота), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Тодорова сабота.

Наредниот ден 05.март.2017 (недела) во црквата „Св.Георги“ – Охрид, со почеток во 8:30 ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Недела на Православието“.

На светите литургиите ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овие празници.